Австралискa новинарка исфрлена од парламентот поради блузата што ја носеше 

Новинарката Патриша Карвелас беше информирана дека мора да го напушти австралискиот парламентот бидејќи облекла блуза со кратки ракави која покажува премногу кожа.

Таа го објави тоа на Твитер со нејзина фотографија во спорната маица.

Карвелас за „Еј-би-си“ рече дека дошло обезбедувањето со наредба дека мора да ги покрие рамената и да носи јакна.

Таа се спротивставила на тоа и ѝ било кажано да го напушти парламентот.

Корисниците на социјалните мрежи посочија дека ова правило е смешно и апсурдно, дека таквите блузи се во согласност со професионалниот дрес-код во земјата, во која сега е лето.

На веб-сајтот на австралискиот парламент стои дека одлуките во врска со кодексот на облекување во домот ги носи претседателот.

По сето тоа се јави и претседателот на Собранието, Тони Смит, кој реше дека Карвелас не треба да биде отстранета од Собранието.

Наскоро и другите колешки во знак на солидарност со гореспоменатата новинарка почнаа да носат слични блузи додека известуваа од австралискиот парламент.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари