Асанж планирал како дипломат да излезе од Амбасадата на Еквадор

Новооткриени документи од еквадорската влада укажуваат на невообичаен обид основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, да се извлече од амбасадата на таа земја во Лондон.

Како што се наведува, Асанж требало да биде прогласен за дипломат во Москва.

Документот бил објавен од страна на опозициски пратеник во еквадорскиот парламент, Паоло Винтимил, во вторникот вечерта и во голема мера го потврдува неодамнешниот извештај на британски „Гардијан“ дека Еквадор кон крајот на минатата година се обидел да изврши некаков „маневар“, пренесе АП.

Руските дипломати ја нарекоа оваа приказна лажна, но документите покажуваат дека Асанж бил именуван како политички советник во Амбасадата на Еквадор во Москва.

Овој план пропаднал откако Британците ставиле вето на дипломатскиот статус на Асанж.

Во докомент на британскиот Форин офис од 21 декември се наведува дека Британија не го смета Асанж за прифатливо решение за член на мисијата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари