Американскиот Сенат го блокираше нацрт-законот за стопирање на продажбата на оружје на Израел

21.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американскиот Сенат го блокираше нацрт-законот за стопирање на продажбата на оружје на Израел

Седумдесет и девет од 100 сенатори гласаа „против“ резолуцијата со која би се суспендирала продажбата на тенковска муниција на Израел, додека 18 сенатори гласале „за“, а еден воздржан, објавија британските медиуми.

Сите гласови „за“ дојдоа од демократите, додека гласовите „против“ беа и од демократите и од републиканците.

Доколку предлог законот беше одобрен, тоа ќе претставуваше голем пресврт во повеќедецениската поддршка што американскиот Конгрес му ја дава на Израел, кој со години е најголемиот примател на американска воена помош.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата