Американски дипломат: Украина не е тема на разговор меѓу Русија и САД во Истанбул

26.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американски дипломат: Украина не е тема на разговор меѓу Русија и САД во Истанбул

Исто така, неименуван функционер во американската амбасада во Анкара изјави дека двете делегации ќе разговараат за прашања кои влијаат на работата на дипломатските претставништва на двете страни.

Делегации на Русија и САД утре ќе одржат технички разговори во Истанбул, соопшти денеска турското МНР.

-Турција е подготвена да обезбеди секаков вид поддршка, рече портпаролот на турското Министерство за надворешни работи.

Учесниците, точното време и локацијата на состанокот сè уште не се објавени.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно денеска изјави дека утре во Истанбул ќе се одржи руско-американска средба за нормализација на работата на амбасадите на двете земји. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата