Запознајте ја Елеонора - Македонката во "Задруга" (ФОТО)

По успешната прва сезона на реалното шоу „Задруга", неодамна започна и новата сезона на „Задруга 2". 

Покрај станарите кои веќе се наоѓаат таму, мината недела им се приклучи и нашата Елеонора Миљковиќ.

Таа истакнува дека влегува за да ја избрка негативината енергија меѓу учесниците во реалното шоу.

-Не се плашам од ништо, односно единствен страв ми е ако нема храна. Јас кога сум гладна, тоа навистина е страшно. Тогаш сум нервозна и сите ме нервираат, вели Елеонора во своето претставување пред влегувањето во реалното шоу.

Вели дека има неколку идеи за „Задруга, но објасни дека не влегува да се кара во реалното шоу.

-Ќе се трудам да бидам фер и реална кон сите, изјави Македонката.

Таа вели дека и се допаѓа Адам Џогани, но дека го гледа само како брат...? Дали е тоа така ќе видиме во деновите кои следат.

Инаку, Елеонора е дипломиран правник, а сега има и запишано мастер студии, но и работи како фотомодел, снима спотови и реклами.

Нема ден кога таа пропушта да ја посети теретаната, а обожува кога има и доволно време за да направи по некој третман за разубавување во козметичките салони. Најсреќна е кога ќе го заврши денот во кругот на пријателките, со чаша вино и здрав оброк.

Задруга се емитува на Тв Алфа.

Извор: Алфа

Поврзани

Најнови вести

Коментари