Во продажба пуштени првите влезници за Music Awards Ceremony

Супер Фан пит влезниците по цена од 3000 динари се достапни на страницата eventim.rs. Овие билети ќе им овозможат на среќните купувачи на 29 јануари во Штарк Арената од најголема близина да уживаат во настапите на Марија Шерифовиќ, Жељко Јоксимовиќ, Бајага, Ван Гог, Петар Грашо, Тони Цетински, Сергеј Ќетковиќ, Каролина Гочева, Наташа Беквалац и многу други ѕвезди.

Публиката од регионот досега немала можност на едно место да ги види сите најпопуларни изведувачи од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора, а целта на Скајмјузик, кој ја организира и продуцира манифестацијата, е на посетителите во Штарк Арена да им приреди спектакл за памтење.

На неколку поврзани бини ќе бидат изведени специјално осмислени и режирани настапи на најголемите ѕвезди, ќе бидат доделени повеќе од 30 музички признанија, а посетителите на манифестацијата ќе почувствуваат атмосфера на најголемите светски музички настани.
Публиката низ MAC ќе ја водат Ида Престер, Аида Јокановиќ и Ѓуле Ван Гог, кои ќе се погрижат атмосферата на првото регионално доделување на музичките признанија да биде на највисоко ниво.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари