Во цунамито во Индонезија настрада познат рок-бенд

Една од најшокантните и најтажни приказни кои произлегоа од индонезискиот цунами е онаа за рок-групата „Севентин“, која настапуваше во шатор на плажа не претпоставувајќи дека им се приближува бранот на смртта.

Снимката на трагичниот настан се појави на „Твитер„. Три члена на групата: басистот, менаџерот и гитаристот се мртви, како и уште еден член на нивниот тим, додека тапанарот се води како исчезнат, објави Би-би-си.

Фронтменот на групата е единствениот преживеан член на бендот кој е пронајден досега, а по катастрофата, тој се појави на „Инстаграм„ во снимка на која одвај ги задржуваше солзите. „Се молам мојата сопруга Дилан, Херман (гитарист), Анди (тапанар) и Ујанг (постава) да бидат пронајдени брзо”, рече тој меѓу другото.

Подоцна објавил дека Херман и Ујанг биле пронајдени мртви, а неговата сопруга сè уште не била пронајдена.

View this post on Instagram

😊

A post shared by Riefian Fajarsyah (@ifanseventeen) on

„Севентин“ беше познат бенд на индонезиската рок-сцена со повеќе популарни песни. Многумина се простуваат од нив на социјалните мрежи.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари