Весна Петрушевска за Влатко Илиевски: Да знаев само дека вчера ова ќе биде последно од тебе…

Влатко Илиевски што направи бејб? да знаев само дек вчера ова ќе биде последно од тебе...ми се сврте во умот, гласи објавата на Весна Петрушевска по информацијата која утрово одекна во медиумите дека македонскиот пејач бил пронајден мртов во автомобил.

Петрушевска објави и дел од нивниот последен разговор на социјалните мрежи.

Голем број познати личности од македонската естрада и јавниот живот изразуваат сочувство на социјалните мрежи по смртта на младиот пејач.

Илиевски како што информираат од МВР, бил пронајден починат вчера вечерта во автомобил „Тојота" на улицата „Трета македонска бригада". По наредба на јавен обвинител неговото тело е предадено на обдукција по што се очекува да бидат познати причините за смртта. Неофицијално, на неговото тело не биле забележани траги на насилство.

Поврзани

Најнови вести

Коментари