Тоше не беше скромен, Тоше беше материјалист, го сакаше животот (ВИДЕО)

Ме нервира што од него правеа еден скромен, леле како е скромен...Тоше воопшто не беше скромен. Тоше сакаше се, затоа што беше способен за се. Тоше ги сакаше жените, го сакаше животот. Скромните луѓе не можат да постигнат такви работи. Ако мислиме на скромност што беше побожен и што ги сакаше луѓето, тоа не е скромност.

 

 

Тоа е нормална работа. Тој беше едно фино нормално воспитано човече. Но, не беше скромен. Сакаше да вози добар автомобил, сакаше материјални работи, како секој нормален младич во тие години. Го сакаше животот, ми сметаше што многу луѓе од неговата смрт бедно се гребеа околу тоа, особено оние за кои знам дека имаа расправии со него, позади грб нешто...Тоа ме нервираше, па кукаа како нешто...

Гоца Тржан во интервјуто за 1тв објаснува дека албумот Божилак воопшто не се ни слушал во Србија пред Тоше Проески трагишно да почине, но наведува дека се добива поинаква конотација потоа.

Вели дека тоа бил неговиот прв серизоен албум, а не баналните песни како претходно, кои никогаш не би биле хитнови да не ги пееше токму Тоше Проески.

Поврзани

Најнови вести

Коментари