Сидни Свини: Не секогаш создаваме уметност само за бројки, туку пред се за влијание

12.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сидни Свини: Не секогаш создаваме уметност само за бројки, туку пред се за влијание

И покрај тој првичен своевиден неуспех на киноблагајните, американската глумица вели дека е „длабоко горда“ на својот нов филм.

Во филмот „Кристи“, Свини ја глуми боксерката Кристи Мартин, која преживеа обид за убиство од нејзиниот поранешен сопруг, Џејмс Мартин, кој бил и нејзин тренер, а потоа таа на светот му откри дека е хомосексуалка. Филмот го режираше Австралиецот Дејвид Мишо. Во објава на Инстаграм, Свини напиша дека претставувањето на личност „толку силна и отпорна како Кристи Мартин“ е „една од најголемите почести“ во нејзиниот живот.

„Овој филм го слави преживувањето, храброста и надежта“, рече Свини, осврнувајќи се на подигањето на свеста за семејното насилство и наведувајќи дека приказната на Мартин „може да спаси животи“ и тимот зад филмот верувал во тоа.

„Ви благодарам на сите што ја погледнаа оваа приказна, ја почувствуваа, веруваа и ќе веруваат во неа во годините што доаѓаат“, напиша Свини. - „Ако ѝ дал само на една жена храброст да го направи својот прв чекор кон безбедноста, тогаш филмот успеал“, нагласи потоа глумицата.

Во однос на првичната лоша заработка, Свини додаде: „Не секогаш создаваме уметност само за бројки, туку пред сѐ за влијание. А, Кристи беше највлијателниот проект во мојот живот. Ти благодарам, Кристи. Те сакам.“

Според порталите „Боксофис моџо“ и „Намберс“, до денеска, филмот има заработено 1,43 милиони долари. Засега, оценката на ИМДБ е 6 /10, а на „Ротен томатос“ го препорачуваат 65 отсто од критичарите, и 97 отсто од гледачите. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата