ШОК: Северина и Игор се разведуваат - причината е оваа водителка!

Северина реши да се разведе од сопругот Игор после неполни три години брак, а тоа е причината зошто српската снаа не се појавила на концертот на својот свекор Кеба иако беше предвидено да гостува дознава српски Курир.

Пеачката и фолкеровиот наследник последните месец дена се во затегнати односи, а чашата се прелеа пред куќната слава на Кеба кога хрватската пеачка се налутила на свекорот заради Јована Јоксимовиќ.

 

Јована и Жељко Јоксимовиќ биле поканети на славата со нивниот кум и менаџер Бане Обрадовиќ. Они беа и на нивната свадба. Меѓутоа, кога Северина дознала за тоа направила хаос. Се заканила дека ќе ја навреди водителката пред сите гости и ќе си отиде во Загреб. Нејзе ја изнервирало тоа што во една прилика Јована во својата емисија на една новинарка и послтавила прашање за Северина. Јована професионално си ја работела својата работа но Северина се навредила и никој не можел да и докаже дека водителката немала лоша намера - открива изворот и додава дека Кеба искочил колатерална штета.

Кеба веднаш го повикал Бане и го замолил да не ги носи Јоксимовиќи. Се нашол помеѓу два огна но морал да застане на страна на својата снаа. И покрај тоа Северина не била задоволна. Ги собрала своите работи и се вратила во загреб но ветила дека ќе дојде на концертот, раскажва извор за српски Курир.

Саве требаше да настапи како прва гостинка на концертот. До последен момент никој не занеше дали ќе дојде, бидејќи она најави дека ќе стигне пред настапот. Тука беше и сопругот Игор кој ја чекаше, а она околу 22 часот му јавила дека не доаѓа. И он и кеба и организаторите беа во шок. Покрај тоа што го повреди целото семејство, она се однесува крајно непрофесионално, бидејќи ова е прв пат некој некого да извиси за концерт. Веднаш после концертот имаше приватна забава каде што присуствуваа многу гости да го прослават успешниот концерт. Една роднина на Кеба на глас прокоментира „Игор еден брак како ниеден“ - кажува изворот и заклучува дека Северина со оваа постапка му испратила сигнал на Игор дека нивниот брак е готов.

И во минатото имале несогласувања но Северина го почитувала семејството на Игор. Меѓутоа сега е скоро јасно дека е крај и дека она само барала причина за да го растури бракот, а дека на Кеба не му било лесно покажува и тоа што на концертот заплакал. Судејќи по развојот на настаните тешко дека тоа биле солзи радосници.

Менаџерот на Северина, Томислав Петровиќ и Јована Јоксимовиќ не се јавувале на телефон, пишува српски Курир.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари