Ричард Гир си отворил профил на Инстаграм- следи само тројца (ВИДЕО)

13.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ричард Гир си отворил профил на Инстаграм- следи само тројца (ВИДЕО)

75-годишниот актер објави видео на Инстаграм и им се обрати на своите обожаватели.

„Здраво на сите. Ова е кратка порака за да ве известам дека има многу лажни профили што го користат моето име или се преправаат дека се мои. Ве молам не обрнувајте внимание на други профили што тврдат дека се мои. Ако сакате да ме контактирате или да ја следите мојата работа, единственото официјално место е преку Фондацијата Гир на Инстаграм на @gerefoundation. Ви благодарам за вашата поддршка и ве молам останете безбедни на интернет“, рече тој.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Richard Gere (@richardgere)

Профилот има бела ознака за проверка во син круг, што потврдува дека тоа е навистина неговиот профил. Покрај фановите, го поздрави и неговата сопруга Алехандра Силва, како и неговиот долгогодишен пријател Антонио Бандерас, кој накратко му напиша: „Добредојде, пријателе мој!“

Инаку, актерите станаа особено блиски откако Ричард Гир се пресели во Шпанија со сопругата и нивните синови, Александар и Џејмс, кон крајот на 2024 година. Семејството живее во Мадрид, инаку родниот град на Алехандра, за да биде поблиску до нејзиното семејство и култура.

Го следи Далај Лама

Речиси 6 илјади луѓе го следеле актерот за помалку од 24 часа, а Гир ја следел својата сопруга Алехандра Силва, пријателот Антонио Бандерас, профил на Фондацијата Гир и Далај Лама.

Актерот е будист и еден од најпознатите западни застапници на тибетското прашање. Неговата духовна потрага започнала во 1970-тите, а тој е лично поврзан со 14-тиот Далај Лама, кого го смета за свој учител и инспирација. Гир ја основа Фондацијата Гир, која ги поддржува човековите права, образованието и зачувувањето на тибетската култура. Неговата посветеност на будистичките вредности, сочувството, ненасилството и духовната слобода, го обликуваа не само неговиот приватен живот, туку и неговиот јавен активизам.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата