После 18 години врска Сузана и Симеон ќе се венчаат на 1 јули

- Нема да се придржуваме на некои традиционални обичаи, но ќе се потрудам да го згазнам. Тоа има значај и во нашата и во нивната култура. – вели Сузана

Сузана Манчиќ и нејзиниот партнер Симеон Окомокос со кого е 18 години во врска, ќе се венчаат на први јули на островот Пилон. Венчањто е закажано на островот каде што Симеон има куќа.

- Секако дека Симеон ќе каже не, додека јас ќе кажам да. Бидејќи на грчки не значи да. Од Србија ќе ни дојде оркестар на кого не му треба озвучување, кои инаку сакам да ги ангажирам за мои приватни забави. Изведуваат интернационален репертоар, така да сите ќе бидат задоволни.

Сузана сепак нема да се пресели во Грција, но често ќе биде со својот сопруг

- Секако дека често ќе бидам со својот маж, така и треба. Второ, децата се доволно возрасни, Теодора си замина од домам, омажена е. Наталија оваа година завршува факултет и не и треба мајка која ќе и подготвува доручек, ручек и вечера. Единствено што ќе ме ограничува е мојата работа и Само што ќе се решам да ја угаснам на крај на сезоната, тогаш добивам награди кои ме мотивираат да продолжам да работам. Но бидејќи не е жива емисија, можам да ја снимам неколку емисии во една недела, останатите три ќе бидам слободна. Сепак не планирам да го следам сопругот на сите службени патувања.

Сузана открива дека таа и Симеон сепак се откажале од потпишување предбрачен договор.

- Се беше подготвено, а тогаш нешто му крцна во глава на Симеон и рече: "Манчиќ не ни треба тоа". Иако сакавме да потпишеме предбрачен договор, пред се поради нашите ќерки, тие да немаат некоја дилема, не го наравивме тоа.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари