Од ова многумина стравуваа: Дали Дарко ќе може некогаш повторно да пее?

Првиот ден од викендот во КБЦ „Земун" Дарко Лазиќ го поминал во стабилна состојба, без животно загрозувачки промени. Сепак, кога станува збор за опоравувањето на фолкерот, кој преживеа тешка сообраќајна незгода во вторникот, лекарите и понатаму се загрижени, пишуваат српските портали.

На Лазиќ му е оштетено едното белодробно крило, има скршена бутна коска, скршена карлица преживеал тешки удари во глава, бубрезите не функционираат добро...

-Дарко и понатаму дише со помош на апарати и постои можност да остане без едно белодробно крило. Во случај на повреда на белите дробови, не постои доволно ефикасна хирургија со која тие може пак да се состават, туку повреденото ткиво се отстранува, но пациентот може да живее без еден дел од белите дробови-рекол извор од КБЦ Земун.

Според изворот, тешките повреди на главата можат да доведат до привремено или трајно оштетување на способноста на препознавање, како и до проблеми со говорот. Со проблемите со говорот, доаѓа и огромниот страв дека Дарко долго време нека да може да запее.

Лекарите наводно велат дека неговото опоравување ќе биде доста тешко и бавно. Имено, кога Лазиќ ќе се опорави од повредите на главата и белите дробови, кога се стабилизира работата на бубрезите, го чека најмалку една ортопедска операција, за да му се санираат скршениците на бутната коска, на карлицата, и најверојатно би се вградил вештачки колк.

Тоа практично значи дека пејачот после излекувањето на повредите на коски наводно нема да може сам да се движи најмалку половина година.

Поврзани

Најнови вести

Коментари