Објави фотографија од нивниот кревет па ги шокираше сите: Девојка на италијански министер му раскина преку Инстаграм (ФОТО)

Актуелниот заменик премиер на Италија, Матео Салвини, кој е и министер за внатрешни работи, стана главна тема во италијанските медиуми. За тоа е виновна неговата девојка Елиса Исоарди, која му раскина јавно, на Инстаграм.

Елиса покрај раскинувањето, објави и селфи фотографија на која и двајцата се во кревет. Инаку, таа е италијанска ТВ водителка. Со порака дека раскинува со министерот, таа на Инстаграм напиша: „Ти благодарам, Матео".

 

Во моментот кога девојката му раскина, министерот се наоѓал на лет за Гана. Тој на Фејсбук објави:

„Никогаш не сум го правел приватниот живот јавен, нема да почнам ниту сега тоа да го правам. Сакав, опростував, сигурно сум правел и грешки, но да крај бев уверен во тоа", вели тој.

Поврзани

Најнови вести

Коментари