Никогаш не се експонирал во јавноста: Ова е првиот маж на Сања Кужет, бил обезбедување на Бобо И Брена

Водителката на најгледаното музичко шоу "Ѕвездите на гранд" години нанзадад крие голема тајна. Иако неодамна се омажила по вртор пат и добила син, Сања Кужет пред девет години била мажена за член од обезбедувањето на сопственикот на ТВ "Пинк", Жељко Митровиќ, Зоран Питер со кого исто така добила ќетка и ѝ го дале името Страхиња. Кума на првото венчање била Лепа Брена.

 

Сања во тој период во ТВ Пинк работела како водителка на временска прогноза.

- Тоа беше љубов на прв поглед. Сања тогаш важела за една од најатрактивните водителки, а тој бил доста упорен бидејќи Сања многу му се допаднала. После неколку месеци тие двајцата решиле да се земат, открива извор близок на водителката.

Водителката исто та пред неколку години зборувала за бившиот сопруг

- Се дружевме две години, а потоа и се заљубивме, па се венчавме, добивме дете, се разведовме, но и понатаму останавме во иста фирма. Зоран и јас после година дена брак
на убав начин се разведовме. Можеби на некого тоа му делува смешно, но кај нас беспрекорно функционира се , само што не сме заедница. Андреја и тој се гледаат, имаат норамален однос, ние мора да функционираме поради детето и сакаме таа комуникација да биде што подобра. Љубомора, суета нема – рекла тогаш водителката.

После првиот пороѓај се вратила на ТВ Пинк како новинар во информативната програма, но подоцна преминува во "Град" телевизија како водителка во најгледаното натпреварувачко шоу "Ѕвездите на Гранд".

Сања минатата година се повлекла од малите екрани, откако останала бремена со вториот сопруг Немања Живојиновиќ, директор на маркетинг од кого добила син.

Поврзани

Најнови вести

Коментари