Мустафа до милијардерот на Емина: Не би сакал да имаме проблеми

Мустафа решил да разговара со новиот партнер на Емина насамо.

Бидејќи секој нивни чекор е следен од медиумите, така е откриена и тајната средба на Мустафа со Седатин бидејќи се познаават многу години. Како би ставиле точка на многуте озборувања, Мустафа решил да поразговара со новиот партнер на Емина.

- Мустафа и Емина имаат добри односи, а ако има некоја расправија тоа е исклучиво поради децата. Кружат разни приказни во Турција, дека Мустафа сешто рекол за Седатин и обратно, со што Мустафа сакал да застани на патот на сите тие озборувања. Организирал тајна средба со Седатин, никој да незнае, па дури и Емина. Се нашле во еден ресторан во Истамбул. Се поздравиле убаво а потоа Мустафа отворено му кажал што има да му каже.

Му објаснил на Седатин дека тежнее кон тоа Емина да биде среќна, дека тој не ја вознемирува и не и прави никакви проблеми и дека сака така да остане, бидејќи на нивните синови им е потребна мајка која ќе е среќна и спокојна.

Во еден момент му нагласил: "Не би сакал да имаме проблем, јас од тебе барам таа да биде среќна". Тогаш партнерот на Емина рекол дека нетреба да се грижи и дека се прави таа да биде добро, иако не очекувал дека тоа ќе му го каже.

Инаку, неодамна се појавиле слики на турските портали на кои Емина оди на забар со колата на Седатин. На присутните новинари им дофрлила: "Претерувате".

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари