Маж со слика по глава ја удри Марина Абрамовиќ

Маж вчера ја удри српската уметница Марина Абрамовиќ со слика по главата. Инцидентот се случи во музејот „Палацо Строци" во Фиренца. Директорот на установата, Артуро Галансино, соопшти дека Абрамовиќ не е повредена.

„Сè е во ред", напиша Галансино на „Твитер".

Италијaнските медиуми објавија дека сликата со дрвена рамка, со која е извршен нападот, е

портрет од Абрамовиќ што го насликал напаѓачот.

Полицијата отвори истрага за инцидентот. Италијанскиот весник „Кориере дела сера" пишува дека напаѓачот, чие име не е објавено, двапати во јавност се појавил гол во текот на изминатите години, а еднаш лежел гол на лажни долари.

Поврзани

Најнови вести

Коментари