Ќе се јадат самуни и татлии и ќе има добра журка

Манифестацијата помогната од Градоначалникот и Советот на Општина Радовиш, а која во 2016 година, по повод Светскиот ден на туризмот, ја понесе титулата Златна плакета за најуспешна манифестација доделена од Министерството за економија на РМ, годинава на сите посетители ќе им понуди збогатена програма, па оттука сосема заслужено и се очекуваат рекорден број посетители.

„Самун ем татлија 2018" ќе стартува со почеток во 17:00 часот во петок (12 октомври) со промоција на најголемиот сомун (5 метри), најголемата татлија (2 метри), а, секако, присутните ќе имаат можност да уживаат и во кусата сторија за овие радовишки деликатеси. По ова, во 18:00 часот, ќе следува свеченото отворање на манифестацијата и поздравниот говор на градоначалникот Герасим Конзулов. Во склоп на музичкиот дел во рамките на првата вечер ќе настапат Кристијан Мицев, Троја бенд, Дејан Јованов, Кристина Арнаудова и легендарните Црвена јабука.

Веќе следниот ден, односно во сабота на 13 октомври точно напладне сцената ќе биде резервирана за Фолклорни ансамбли, по што ќе следува натпреварот во брзо јадење самун. Саботната вечер, пак, е резервирана за настапите на Куку леле, Бани, Жаре Бербер и Тропико бенд.

И последниот ден, односно програмата во неделата (14 октомври) ќе стартува со настапите на Фолклорни ансамбли, потоа сцената ќе ја преземат Распеани Радовишани, Миле Кузмановски, Александар Тарабунов и Синтезис, со кои всушност ќе биде означен и крајот на оваа тридневна гастрономска манифестација. Во меѓувреме, односно меѓу музичките настапи се најавени низа натпревари во јадење и пиење.

Се гледаме во Радовиш! Не пропуштајте ја можноста во периодот од 12 до 14 октомври да бидете наши гости и заедно да уживаме во незаборавните вкусови на радовишките самун ем татлија, велат домаќините.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари