Како Кејт Мидлтон ослабна толку брзо по раѓањето?

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон се породи пред неполни два месеци – на 23-ти април.

Веќе на денот на раѓањето, Војвотката замина од болница – стандардна практика во Велика Британија.

Кејт и нејзиниот сопруг – принцот Вилијам, изгледаа прекрасно пред болницата во која војвотката се породи, опкружени со стотици, ентузијасти, кои сакаа да го видат престолонаследникот, кој е петти во редот за наследување на тронот.

Но, насекаде во светот, имаше коментар кој укажува на Кејт и нејзината физичка форма, неколку часа по раѓањето.

Мидлтон изгледаше многу добро за една жена што родила пред неколку часа.

Експертите тогаш рекоа дека нејзината свежина најмногу се должи на добрата исхрана за време на нејзината бременост.

Тогаш сите забележаа дека војвотката изгледа прекрасно.

Пред неколку дена Мидлтон беше фотографирана од папараците како се забавува во друштво на принцот Џорџ и принцезата Шарлот, како и други блиски од семејството.

Тие го придружуваа принцот Вилијам, кој учествуваше во Maserati Royal Charity Polo Trophy – добротворниот поло натпревар за собирање средства за болнички центри и засолништа за бездомници.

Кејт е облечена во едноставен летен фустан кој ги истакнува нејзините форми.

Поминаа помалку од два месеци од раѓањето, но Мидлтон се чини дека ги врати старите килограми.

Според акушерката Лаура Спикер, претседател на Женската здравствена клиника во Лондон, некои жени можат побрзо да ја изгубат тежина по раѓањето. Таа верува дека ова главно се должи на добрата исхрана.

„Некои жени дефинитивно можат да се обноват поуспешно и побрзо од другите. Прашањето е дали сте биле здрави и каква храна сте земале за време на бременоста", вели Спикер пред „Дејли мејл".

Таа забележува дека е навистина интересно како Кејт изгледа толку добро, со оглед на тоа што ова раѓање е трето за неа.

„Вообичаено е на жените да им треба до една година, за да си ја вратат тежина од пред бременоста", вели акушерката за изданието.

Факт е дека по раѓањето има промени во телото на секоја жена.

Кејт веројатно продолжила да следи сериозна диета која го поддржува процесот на закрепнување, истакна Спајкер.

„Тешко е за родилките, но ако успеат да се ограничат од одредена храна и да се обложат на поздрави и поизбалансирани производи, сигурно ќе имаат поголем успех".

Спајкер додава и нешто важно: „Сигурно нема да препорачаме премногу драстична исхрана и вежбање брзо по раѓањето. Доењето, ако е можно, и поврзување со новороденчето се најажни на самиот почеток".

Поврзани

Најнови вести

Коментари