Јелена Ѓоковиќ: Се заколнав дека на своите деца нема да им правам она што мене ми сметаше кај моите родители

Родителството е најубава и најодговорна задача која се учи цел живот. Иако ќе прочитаме бројни совети и предлози, додека со своето дете не дојдеме во одредена ситуација, не сме сигурни како ќе реагираме. Незнаејќи како точно да постапиме честопати ги попречуваме. Се она што сме научиле од нашите родители, го пренесуваме на своите деца како некоја врста на наследство.

Јелена Ѓоковиќ е мајка на две деца и во својот блог открива дрка секогаш знаела кои работи на своите деца нема да им ги прави.

 
 
 
View this post on Instagram

Precious moments ❤️ #love #family

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf) onJun 16, 2016 at 10:04am PDT

 

 - Јас размислував за родителството многу порано отколку што и самата станав еден од нив, и сеушто го чувам моето мало сино блокче во кое по секоја ставка пишував за работи на кои се заколнав дека нема да им ги правам на моите деца. Причината поради која пишував е многу едноставна – забележував работи кои ми сметаа кај моите родители, работи кои ги слушав од другарки и другари и генерално во околината, открила Јелена со што се потсетила кога таа и сестраи студирале во странство.

 

- Оној момент кога ќе не сместа во автобус или авион, тој момент помеѓу нас постоеше само огромна количина на доверба, а кај мојата мајка постојана молитва да не чуваат ангели.

 

- Со мене добија едено екстремно дете. Јас не им се јавував често. Не размислував премногу за тоа како тие се чуствуваат, туку како војник пристапував на својата студентска авантура и својата енергија ја насочив на учење и снаоѓање во новото опкружување. Себично, но единствено така знаев. Како што вели Др Шефали: "Не постои совршено дете, како што не постои ни совршен родител" – заклучила сопругата на Новак Ѓоковиќ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари