Исповед на Лепа Брена: Бобо не смее да ми ја загрози слободата! Сешто поминавме до сега

Лепа Брена во едно од своите интервјуа открива дека таа и Бобо имаат нови правила во бракот, но и што ќе се случи кога Александра Пријовиќ ќе им подари внуче.

Дали ваша беше идеата Александра да се породи во Америка и кој најмногу се радува за бебето?

"Сите премногу се радуваме. Александра и Филип се доволно возрасни да можат да одлучат каде таа треба да се породи, бидејќи таа треба да се чуствува убаво во кругот на своите најблиски и мислам дека ќе и биде потребна помош, така што не ги знам деталите...

Неодамна прославивте 27 години брак со Бобо. Дали некогаш сте помислиле дека вашиот брак нема да опстои?

"Во животот е важно да знаеш колку е часот и да водиш сметка не го загубиш она што го имаш и што си го создал. Тоа е основа и суштина на секоја врска. Не сакам претерано врзување нити земање на нечија слобода, мислам дека секој човек треба да има своја лична и креативна слобода, но и да знае кои се границите и што може да загуби. Ние многу млади почнавме да заработуваме, создаваме и поминавме се што требаше, така што од денот кога се земавме, имаме многу јасен и стабилен однос спрема животот и еден кон друг".

Поврзани

Најнови вести

Коментари