Халкидики град на "луда вода" (видео)

Оваа е ретка (не)природна појава во каналот Еврипос, каде што морската вода тече брзо како планинска река.

Досега никој нема објаснување зошто вакво нешто се случува со морската вода.

Каналот Еврипос е долг 8 километри и широчина која варира од 40 метри до 1,6 километар.

Во најтесниот дел на каналот се наоѓа администритивниот центар на островот Евија, главниот град Халкидики.

Токму на тоа место морската струја е толку силна (12 чвора) која тече како планинска река, и секој 6 часа го менува правецот. Овој феномен достигнува врв под стариот мост каде што водата има брзина 15 километри на час. Токму ова е причината што Халкидики го нарекуваат "град на луди води"

Мештаните велат дека при ваква брзина на водата и ајкулите се борат да пливаат во спротивен правец.

Водата шест часа тече во еден правец, потоа 8 минути мирува, па родолжува да тече во спротивен правец наредните шест часа и така во круг.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари