Гвен Стефани во потрага по сурогат мајка за четврто дете

Пејачката Гвен Стефани (49), позната по хитовите „Rich Girl“ и „Hollaback Girl”, одлучи да го прошири семејството. Иако веќе има три деца со нејзиниот поранешен сопруг Гавин Росдејл (53), Гвен сака да  има дете и со сегашното момче, пејачот Блејк Шелтон (42).

За да ја оствари оваа желба, таа е во потрага по  сурогат мајка.

„Тие сега се во финални подготовки за избор на жена која ќе го носи нивното бебе. Многу и е важно на Блејк да му подари биолошко дете, и тој е многу возбуден“, рече близок пријател на двојката.

View this post on Instagram

Birthday 🎁 love u @blakeshelton gx

A post shared by Gwen Stefani (@gwenstefani) on

Иако Шелтон има два неуспешни брака, од кои едниот е со кантри-пејачката Миранда Ламберт (35), нема ниту едно дете.

Откако пејачот објави во јули 2015 година дека се разведува од Миранда, Стефани му правеше друштво во тешките моменти, исто како и тој неа. Заедно поминаа низ болни разводи и се вљубија кога беа во жирито на шоуто „The Voice“.

„Тој ми го спаси животот”, изјавуваше Гвен многу пати. Тие се во врска веќе три години.

Пејачката е мајка на синовите Кингстон (12), Зуме (10) и Аполо (4).

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари