Фото: Убава и во седмата деценија од животот. Елизабет Харли повторно во бикини

14.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Убава и во седмата деценија од животот. Елизабет Харли повторно во бикини

 Летото можеби помина според календарот, но сигурно е дека атрактивната британска актерка и модел Елизабет Харли тешко се збогува со топлите сончеви денови, а уште помалку со бикините што обожава да ги носи и рекламира.

Холивудската ѕвезда, која веќе шест месеци ужива во романса со Били Реј Сајрус и поминува сè повеќе време дома, повторно ги воодушеви обожавателите во еден сончев ден, пишувајќи на Инстаграм: „Среќен вторник“.

Таа позираше во портокалово бикини и кошула во иста боја, и уште еднаш им потсети на сите зошто е меѓу најсексипилните жени во светот.

Совршената фигура во седмата деценија овој пат повторно е во преден план.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата