Фото: Ријана изненади со фотки од раѓањето на синовите

12.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Ријана изненади со фотки од раѓањето на синовите

Мегапопуларната пејачка објави фотографии од породувањето, симболично на денот на жената, но за многумина наместо мајката и бебето во преден план се некои други работи.

Ријана има два сина со раперот Асап Роки, а овие досега невидени фотографии привлекоа големо внимание. Можеби и повеќе внимание од последното судење каде раперот беше ослободен од сите обвиненија.

На нив пејачката е во болничката соба веднаш по раѓањето на синовите, а интересно е што при првото породување носела бисери и златно ланче, додека за раѓањето на помалиот син имала очила за сонце, што е малку чудна облека кога е во прашање одењето во болница.

„Убедливо најмоќното нешто што сум го направила како жена... моите мали чуда“, напиша таа под фотките.

„И да, се породив со бисери и очила за сонце... Не ме прашувајте ништо, многу нешта се случија “, истакна пејачката.

„Никогаш не видов дека трудница може да се породи со сиот овој накит“, беше еден од коментарите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата