Емина и Мустафа се како брат и сестра, за разводот се подготвувала две години

Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал официјално се разведоа на 10 јуни, по 10 години брак, а за оваа формалност им требало помалку од половина час.

-Кризата долго траеше. Тоа го чувавме, најмногу поради децата. Колку требаше да се создаде, толку требаше и да се распадне – изјавила Емина во емисијата Амиџи шоу, зборувајќи за љубовта која таа и Мустафа некогаш ја имале.

Вели дека за тој ден се подготвувала две години и целиот ден го поминала во плачење.

-Судијата рече: Те молам престани да плачеш, бидејќи ќе го одложам судењето, како да се каете. Како брат и сестра сме! Тука видов дека љубовта тотално се изгаснала – признала јавно пејачката.

За новата љубов не зборувала многу, но сепак со насмевка објаснила дека во нејзиниот живот постои некој.

-Точно е. Го запознав тој господин и сега сме во процес на запознавање. Пред еден-два месеца спонтано го запознав- рекла Емина.

Поврзани

Најнови вести

Коментари