Долната облека на Ријана ја носеа манекенки со различни облини (ВИДЕО)

Колекцијата на долна облека на поп ѕвездата Ријана ,,Фенти" беше вистински хит , бидејќи ја носеа манекенки од сите категории.

,,Сакам различност , не сакам стереотипи според кои само витки модели може да претставуваат долна облека . " , рече Ријана на модната ревија со нејзината колекција на женска долна облека.

Таа предизвика вистинска еуфорија на Модната недела во Њујорк , каде се претстави со модели од својата колекција X Fenty. Моделите на Ријана ги носеа манекенки од различна раса , со различни облини , а две од нив беа во одмината бременост.

Пејачката се надева дека нејзината колекција ќе им даде самодоверба и сила на жените.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари