Имено, проблематичната некогашна музичка ѕвезда требаше да биде ослободен на 8 мај 2028 година, но новиот датум на ослободување од Федералниот затвор во комплексот Форт Дикс во Њу Џерси, сега е 4 јуни 2028 година, според „Пејџ сикс“ (Page Six).
Причината за продолжувањето на казната официјално не е соопштена. Но, оваа одлука доаѓа откако Диди привлече внимание со гласините за кршење на неколку затворски правила. Минатата недела, на пр., „Ти-ем-зи“ (TMZ) објави дека Комбс „имал проблеми со затворските службеници“, поради поседување и консумација на „домашен алкохол“ направен од ферментиран шеќер, сок и јаболка.
По обвинувањата, гласноговорникот на Комбс изјави дека музичарот е сосредоточен на прилагодување, работи на себе и се труди кон подобрување секој ден.
- Како и со секоја позната личност во нова средина, ќе има многу гласини и претерани приказни за време на неговиот престој таму - повеќето од нив неточни. Ве молиме луѓето да му дадат доверба, приватност и време да се фокусира на неговиот личен раст, додаде тој.
Кратко потоа, „Си-би-ес њуз“ (CBS News) објави дека имал троен телефонски повик, што е забрането. Раперот се бранеше тврдејќи дека не бил свесен дека „повиците од трети страни или тринасочните разговори не се дозволени“ бидејќи не му бил даден прирачник со правила во затворот.
Шон Комбс е во затвор од неговото апсење во септември 2024 година.

