Дарко Лазиќ од бања заминува во затвор: Еве колкава казна му се заканува

Дарко Лазиќ откако доживеа тешка сообраќајна несреќа минатиот месец минатата недела излезе од болница и веднаш беше транспортиран на бања.

Но, откако ќе оздрави и ќе излезе од бања тој наместо дома може да заврши во затвор, пренесуваат српските медиуми.

Имено за пејачот следува казна од три месеци поради многуте прекршоци, а доколку се поднесе и кривична пријава кон него, казната ќе биде поголема.

Кобната ноќ пејачот возел неприлагодена брзина, па поради тоа му следува казна од 20 до 40 илјади српски динари или казна затвор од 45 дена. Исто така пејачот од 2013 година нема возачка дозвола која му е одземена. За возење без возачка дозвола тој мора да плати од 100 до 120 илјади динари или да лежи од 30 до 60 денови во затвор.

А сето тоа да биде уште подраматично тој кобната ноќ бил во алкохолизирана состојба со што му се заканува казна од 100 до 120 илјади динари или месец до два зад решетки.

Поврзани

Најнови вести

Коментари