Цеца за концертот во Косовска Митровица: Ќе пеам со полно срце, се радувам многу за овој настап

Светлана Цеца Ражнатовиќ на 8 декември во 12 часот ќе одржи концерт во Косовска Митровица. Во пресрет на пат за Косово Цеца ги открива своите очекувања од настапот во јужната српска покраина.

Кои се вашите очекувања од концертот?

- Како и од секој концерт до сега. Ова беше повик, гледате дека не е рекламиран концертот, нити било што... Не е медиумски експонирано дека ќе настапувам, нити знаев. Добив повик и го прифатив. За среќа оваа сабота сум слободна, инаку со полна преа работам, и сами знаете. Така да со полно срце го прифатив настапот и многу се радувам, и со нетрпение го чекам. Не паметам кога последен пат бев во косовска Митровица.

Дали се плашите да одете на Косово по последните случувања?

- Да се плашев немаше да прифатам

Дали имате порака за нашиот народ на Косово?

- Само слога Србите ги спасува. Им посакувам да бидат сложни. Ситуацијата е таква каква што е и очекувам позитивен исход, во секој случај. Никогаш не бев песимиста, зошто би била и сега.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари