Цеца се огласи прв пат контра Драгана Мирковиќ: Таа зборува за мена, коментира за моето семејство, јас никогаш ништо не сум кажала (видео)

Светлана Цеца Ражнатовиќ во кругот на своето семејство и пријатели ја одбележува семејната слава Свети Никола, а како што вели – со задоволство ќе запеам со своите гости.

Од друга страна се уште е под впечаток од средбата со Драгана Мирковиќ, кој ја потресе естрадата, одлучи по прв пат да изнесе се што и лежи на душа.

"Вие имавте можност да ја слушнете снимката. Јас слабо слушам, бев на поминување, се враќав од снимање. Таа седеше покрај мојата гардароба, морав да поминам од таму. Искрајно кога некој со години ве коментира во лош контекст, дирктно и на лош начин, коментира за моето семејство, за мојата кариерата – не очекувате ни да ви се јави. Таа тоа го направи, видовте со кој тон, и со истиот тон и беше возвратено без некои лоши намери, јас не сум таква личност", рекла пеачката.

"Со години ме ... знаете што никој неможе на никого да му подари кариера нити да биде виновен за неуспех на истата. Јас на дотичната колеша и посакувам се најдобро, како и за годините наназад. Јас никогаш за никого не сум рекла лошо нити имам потреба за тоа. Од срце и посакувам да сними хит и да најде мир во 2019 година", додала Цеца.

Поврзани

Најнови вести

Коментари