БУНТ: Кристен Стјуарт се соблече боса на црвениот тепих (ФОТО)

Американската актерка Кристен Стјуарт ја разбранува филмската елита кога ги собу салонките на црвениот тепих во Кан и продолжи да оди боса на закажаната премиера на филмот „BlacKkKlansman".

Стјуарт, една од членките на годинашното жири, реши да се спротивстави на строгиот дрескод и се прошета боса по црвениот тепих.

Таа пристигна на премиерата на новиот филм на Спајк Ли во црни чевли на Кристијан Лубутен, но ги соблече кога дојде до скалите, за што не беше санкционирана.

„Овдека постои престрог код на облекување. Луѓето многу се вознемируваат ако не носите потпетици или така нешто. Мислам дека не можете да барате од луѓето такво нешто, па така и од мене", кажа младата американска актерка.

Пред три години, некои жени биле отстранети од црвениот тепих затоа што носеле рамни чевли, што наиде на осуда од некои актерки.

„Секој би требало да носи рамни чевли, тоа е мое мислење', изјави тогаш Емили Блант.

Во 2015 година на група средовечни жени им беше забранет влез на проекцијата на филмот „Carol" бидејќи не носеле чевли со високи потпетици.

Тогаш Стјуарт изјави дека „нештата мора веднаш да се сменат" и носеше патики со нејзиниот свечен аутфит сѐ додека не дојде време да се појави пред новинарите на црвениот тепих.

Поврзани

Најнови вести

Коментари