Брука на Дара: Почнала да пее во живо, а Чкаља имал што да и каже (видео)

Дара Бубамара пред пред 25 години ја започнала својата музичка кариера. Како тинејџерка, 1993 гостувала во легендарната емисија "Максивизија", а тоа нејзино гостување се памети и денес.

Имено, познатиот Милован Илиќ Минимакс ги угостил Дара, Мија Алексиќ и Миодраг Петровиќ Чкаља. Пеачката тогаш ја почнувала кариерата, па Чкаља ја замолил да отпее еден од нејзините први хитови "Кошава са Дунава".

Запеала во живо, но не ја завршила ни првата реченица, се посрамила и прекинала.

"Несакам повеќе, срам ми е кога ме гледа", рекла Дара, мислејќи на Чкаља, кој со насмевка ја гледал.

Меѓуто,она што славниот глумец додал, предизвикало смеа кај сите

"Е баш се умори"!, рекол тој

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари