Брајан Кренстон би бил воодушевен да игра во филмот „Разлошен“

Брајан Кренстон вели дека би сакал да игра во филмот кој ќе се снима според серијата „Разлошен“ (Breaking Bad), но дека сè уште не добил понуда.

Режисерот Винс Гилиган наскоро ќе започне со продукцијата на долгометражниот филм според оригиналното сценарио на истоимениот и мега-популарниот серијал.

„Не сум го добил сценариото, значи не се знае дали ќе го видиме Волтер Вајт во овој филм“, изјави актерот Кренстон.

„Ако добијам понуда од Винс Гилиган, апсолутно би ја прифатил. Тој е генијалец“.

Сепак, Кренстон вели дека Гилиган му споменал неколку збора околу претстојниот проект.

„Приказната е одлична, а и многу луѓе сакаат да видат како завршуваат приказните од серијата. Според идејата, како што дознав, филмот ќе навлезе во неколку приказни кои не беа довршени“, вели Кренстон.

„Едвај чекам да ги видам сите луѓе, дури и да не играм во филмот!“

Во серијата „Разлошен“, Кренстон ја игра главната улога на Волтер Вајт, наставник по хемија кој подоцна станува дилер на кристален метамфетамин заедно со неговиот поранешен ученик Џеси Пинкман (Арон Пол).

Серијалот освои бројни „Еми“ награди и беше неверојатен хит во Велика Британија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари