Беа најпознат ТВ водителски пар - Марјана се прости од Влатче

Се уште сум во шок и не можам да поверувам....Многу тажен ден за мене, изгубив многу добар другар, пријател и колега ?
Влатче, другар мој прерано не напушти....Ќе фалиш....многу....
Најдлабоко сочувство до неговото семејство ?
Почивај во мир ??

Познатиот македонски пејач и миленик на публиката, Влатко Илиевски, кој беше пронајден мртов во автомобил, ќе биде погребан утре, 08.07.2018 година, на гробиштата во општина Ѓорче Петров, соопшти неговото семејство. Телото на прерано починатиот Илиевски, ќе биде изложено за последна почит во капелата во оваа општина, од 11 до 12 часот. Како што соопшти МВР,на 06.07.2018 година околу 23.,00 часот во Скопје, на ул.„3-та Македонска бригада", во патничко моторно возило "Тојота" пронајден е починат В.И (33) од Скопје. Увид на лице место извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Поврзани

Најнови вести

Коментари