Актерка го снимила Вајнстин како сексуално ја вознемирува (ВИДЕО)

Холивудската актерка Мелиса Томпсон објави видео од продуцентот Харви Вајнстин, на кое се гледа како тој се однесува на бизнис средба со помлада девојка.

Томпсон е една од десетиците глумици кои го обвинуваат Вајнстин за сексуално вознемирување и дека се обидел да ги искористи, што и се потврдува од видеото. Снимката е од 2011 година, кога актерката имала 28 години.

На него контроверзниот продуцент постојано и дофрла и се обидува да ја допре, а таа за цело време се труди да го оттурне.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари