За малку... но, ракометарките на Вардар загубија

Во тежок и неизвесен натпревар за игра ракометарките на Вардар исто како и лани по продолженија го загубија финалето од Ѓер, овој пат со 27:26. и не успеаја да се искачат на европскиот трон.

Ракометарките на Ѓер ја победија екипата на Вардар, откако во драматично финале во „Ласло Пап Арена" го совладаа тимот на ЖРК Вардар.

Грот со осум и Аморим со шест гола беа најефикасни во тимот на Ѓер.

Кај ЖРК Вардар блесна Лејно со 18 одбрани, а најефикасни беа Лекиќ со шест и Радичевиќ со четири гола.

Поврзани

Најнови вести

Коментари