Време е Бразил уште еднаш да стане шампион на светот

Двојниот победник на Светското првенство беше многу оптимист во врска со поставувањето на неговата земја во претстојниот Мундијал

Роналдо Луис Назарио де Лима, познат како Роналдо, верува дека е време фудбалската репрезентација на Бразил да го прекине 16-годишниот пост и конечно да ја освои популарната "Божица".

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, беше херој на освојувањето на последната светска шампионска титула за националниот тим на Бразил во 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја, каде што беше и најдобар стрелец на споменатото првенство со 8 постигнати гола.

Роналдо искрено се надева дека националниот тим на својата земја ова лето, ќе биде во можност да го повтори успехот што го имал со Роналдињо, Ривалдо и Роберто Карлос во 2002 година.

- Време е Бразилците повторно да победат на Светското првенство. Се надевам дека националниот тим ќе стори сé за Мундијал и на крајот ќе се врати со трофејот во нашата земја - изјави Роналдо во Москва.

Тој, исто така, тој се обрна кон можните препреки што неговите сонародници ќе ги имаат на мундијалот во Русија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари