Тренерот Косановиќ до новинарка: Оди дома и спремај ручек

" alt= " alt=

Тренерот на фудбалерите на Напредак, Милорад Косановиќ, скандалозно се однесувал на прес конференцијата, организирана пред натпреварот со Црвена ѕвезда, во Суперлигата на Србија.

Познатиот тренер вербално ја нападнал новинарката на „Спортски журнал“, пренесува весникот.

Новинарката го прашала фудбалерот на Напредак, Енвер Аливодиќ, во врска со промената на тактиката во второто полувреме на натпреварот со Пролетер, а Косановиќ одговорил пред тоа да го направи фудбалерот.

„Не можам да слушам вакви глупости….ајде оди си дома да подготвиш ручек“. Откако новинарката му рекла дека е „поголем нарцис од Мурињо“, тренерот ја „почестил“ со низа непримерни зборови и ја напуштил прес конференцијата.

Според весникот, тренерот Косановиќ подолг период има несогласувања со новинарката. Од „Спортски журнал“ најавиле дека ќе го тужат Косановиќ.

„Половата дискриминација стана актуелна на прес конференциите што ги организира Напредак“, пишува весникот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари