Тарнер ќе добие 80 милиони долари од Индијана

" alt= " alt=

Центарот на Индијана Пејсерс, Мајлс Тарнер, ќе потпише нов четири годишен договор со клубот објави новинарот Шемс Чаранија.

Тарнер е еден од најдобрите млади центри во лигата и потегот на Пејсерс е сосема очекуван. Центарот за новиот договор ќе добие 80 милиони долари.

22-годишниот кошаркар влегува во својата четврта НБА сезона и се очекува да направи чекор напред во однос на претходните сезони.

Во првите три сезони Тарнер просечно по натпревар бележи 12,7 поени, 6,7 скока и 1,8 блокади.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари