Судбината на Слот веќе е позната! Клупската икона седнува на клупата на Ливерпул!

7.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Судбината на Слот веќе е позната! Клупската икона седнува на клупата на Ливерпул!
ФОТО: FC Liverpool/FB

Се чини дека е готово. Арне Слот денеска добива отказ. Синоќа, Ливерпул гостуваше кај Лидс и имаше водство од 2:0 и 3:2, но на крајот мораше да се задоволи со бод.
Веднаш по натпреварот започнаа приказни за тоа што ќе се случи со Слот, кој по натпреварот рече дека верува оти може да ги сврти работите на Енфилд.
Наводно синоќа се одржал состанок на челниците на Ливерпул и тие одлучиле дека Слот е поранешен тренер на клубот од Енфилд. Челниците на Ливерпул закажале состанок со Слот за денес, а според информациите од Англија, ќе му биде кажано дека неговото време на Енфилд е завршено.
Англичаните исто така „преку ноќ“ ги дознаа двете имиња кои се најблиску до преземање на Ливерпул кога Слот ќе биде официјално отпуштен.
Имено, DaveOCKP тврди дека еден од двајцата е легендарниот Стивен Џерард, кој неодамна ја одби понудата на Ренџерс да се врати на клупата на тимот. Навивачите на „Црвените“ се надеваа на Јулијан Нагелсман, но тој нема намера да ја напушти германската репрезентација до по завршувањето на Светското првенство следната година.
Наводно, Џерард би можел да дојде и да го води Ливерпул до крајот на сезоната, а потоа, во зависност од резултатите, би се донела одлука дали да се оди по Нагелсман или легендата на Ливерпул да се задржи на клупата на тимот. Друго име кое се споменува дека би можело да седне на клупата на Ливерпул во наредните денови е Џон Хајтинга.
Тој беше во тренерскиот штаб на Ливерпул, и одлучи да го преземе Ајакс, каде што неодамна беше отпуштен. Во секој случај, навивачите на Ливерпул пред сè чекаат информација дека Слот е официјално отпуштен, а дури потоа ќе размислуваат за тоа кој би можел да биде новиот тренер.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата