Српскиот голман Милинковиќ-Савиќ по стапките на „грешникот“ Кариус (видео)

" alt= " alt=

Голманот на италијанскиот првологаш СПАЛ, Вања Милинковиќ-Савиќ направи огромна грешка на синоќешниот меч на неговиот тим против Сампдорија во Купот на Италија.

Новинарите во Србија почнаа да го споредуваат српскиот голман со неговиот колега од Бешикташ, Лорис Кариус кој лани со неколку свои слични грешки му подари трофеј на Реал Мадрид во финалето на ЛШ.

Победничкиот гол за Сампдорија синоќа го постигна Давид Ковначки во 81 минута, со глава, по една нафрлена топка, а каде истрча голманот на СПАЛ во таа ситуација, веројатно и тој самиот не знае.

Да биде несреќата за Милинковиќ-Савиќ поголема, токму тој гол го елиминираше тимот на СПАЛ од Купот на Италија.

Погледнете:

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари