Србија остана без СП, а капитенот го обвини Пикси: Да имавме тренер…

14.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Србија остана без СП, а капитенот го обвини Пикси: Да имавме тренер…
ФОТО: Fudbalski savez Srbije/FB

Расплетот на квалификациската група К за Светското првенство се случи во претпоследното коло. Англија ја пречека Србија на Вембли, а во исто време, Албанија гостуваше кај Андора. Во случај на пораз на Србија и победа на Албанија, Србија практично немаше да има шанси да оди на Светското првенство следната година.

Англија веќе го обезбеди првото место и директен пласман на Светското првенство. На домашен терен против Србија слвеше со 2:0. Албанците чекаа до 67-та минута за нивниот гол против Андора за 1-0.

Со ова сценарио Албанија отиде во дополнителни квалификации, а Србија е елиминирана од трката за Светското првенство, бидејќи пред крајот на колото, има четири бода помалку од нашиот западен сосед. Ова е особено болно за Србите бидејќи Албанците се нивните најголеми противници, а тие веќе ги победија со 1-0 во Лесковац минатиот месец, што им даде навестување за овој исход од групата.

Српскиот капитен Филип Костиќ предупреди за ова по поразот на Вембли. Искусниот 33-годишен играч на Јувентус по својот 69-ти настап за Србија изјави:

„Поразот од Албанија е еден од најтешките во мојата кариера, но немаше да го имаме тој пораз што нè чинеше од одење на Светското првенство.

Ќе ја завршевме групата поинаку ако имавме тренер од самиот почеток и работата што ја имавме во изминатите неколку дена. Ако беше така, дефинитивно ќе завршевме како второпласирани.“

Костиќ го критикуваше поранешниот селектор Драган Стојковиќ Пикси, кој мораше да си замине по поразот од Албанија. Тој беше заменет од Вељко Пауновиќ.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата