„Смешниот“ Јунајтед не загуби од Арсенал, „Волците“ го „изедоа“ Челси (видео)

epa07211040 Manchester United's Diogo Dalot (L) in action with Arsenal's Matteo Guendouzi (R) during the English Premier League soccer match between Manchester United and Arsenal FC at the Old Trafford in Manchester, Britain, 05 December 2018. EPA-EFE/PETER POWELL EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or 'live' services. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publicat epa07211040 Manchester United's Diogo Dalot (L) in action with Arsenal's Matteo Guendouzi (R) during the English Premier League soccer match between Manchester United and Arsenal FC at the Old Trafford in Manchester, Britain, 05 December 2018. EPA-EFE/PETER POWELL EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or 'live' services. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publicat

Може ли полошо на „Олд Трафорд“? Секако, дека може и покрај низата од четири меча без победа на Манчестер јунајтед. Домаќините успеаја да извлечат 2:2 реми во дербито со Арсенал, откако примија два смешни голови, но тоа сигурно нема многу да ги израдува навивачите на „ѓаволите“.

Шкодран Мустафи во 26. минута постигна еден комичен гол, откако Давид де Хеа некако ја пропушти топката низ раце по „млакиот“ удар со глава. За среќа на домашните фанови, Јунајтед се вратија бргу, кога во 30. минута, Антони Марсијал најдобро се снајде во шестнаесетникот на „топчиите“.

Во 68. минута, нова смешна сцена пред голот на Де Хеа. Александер Лаказет беше „покосен“ од одбраната на домаќините, но топката некако најде пат до голот. Јунајтед повторно бргу реагираа и веќе во следната минута Џеси Лингард израмнува за 2:2. Недоволно за фановите, но најверојатно доволно за Жозе Мурињо да остане на клупата.

Во сенка на дербито на „Олд Трафорд“, Ливерпул успеа да „држи ритам“ со шампионите Манчестер сити по 3:1 победата на гостувањето кај Барнли за да се доближи на два поени до нив, но Челси го доживеа вториот пораз во последните три меча, откако во Вулверхемптон пропуштија водство за 2:1 пораз.

Рубен Лофтус-Чик ги донесе Челси во водство по асистенцијата на Еден Азар во 18. минута, но „волците“ во само четири минути во второто полувреме ги „нокаутираа“ гостите со головите на Хименез и Жота. Ова е прва победа на Вулверхемптон по седум меча!

Ливерпул пак, губеше на „Турф Мур“ со голот на Корк во 52. минута, пред да се врати со головите на Милнер, Фирмино и Шаќири за четврта победа во низа.

Сега, Сити имаат 41 поен на врвот, Ливерпул се втори со 39, Тотенхем по лесната победа над Саутемптон се трети со 33. Челси и Арсенал имаат по 31, а Манчестер јунајтед се само осми со 23 поени.

ПРЕМИЕР ЛИГА, 15.КОЛО

Барнли – Ливерпул 1:3

Евертон – Њукасл 1:1

Фулам – Лестер 1:1

Вулверхемптон – Челси 2:1

Манчестер јунајтед – Арсенал 2:2

Тотенхем – Саутемптон 3:1






извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари