Шаќири: Подобро што не отидов во Белград, таму атмосферата е жешка

" alt= " alt=

Репрезентативецот на Швајцарија, Џердан Шаќири кој ги брани боите на Ливерпул конечно се огласи по мечот што неговиот тим неодамна го одигра во Белград, кај Црвена Звезда. Тој вели дека подобро што не отпатувал со тимот оти атмосферата во Белград е навистина жешка.

Ливерпул го остави Шаќири во Англија за да го поштеди од српските навивачи кои беа испровоцирани по потегот на Џердан кој како репрезентативец на Швајцарија и даде гол на Србија и го прослави со албанскиот симбол, двоглав орел.

„Имаше многу жешка атмосфера таму и подобро е што останав дома и што се фокусираме само на фудбалот“ – изјави Шаќири.

Ливерпул неславно помина во Белград, претрпе изненадувачки пораз од Звезда со 2-0.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари