Шаќири ги „реши“ Јунајтед и ја донесе првата победа на Клоп над Јунајтед (видео)

epa07235955 Xherdan Shaqiri (C) of Liverpool celebrates after scoring during the English Premier League soccer match between Liverpool FC and Manchester United FC at Anfield in Liverpool, Britain, 16 December 2018. EPA-EFE/PETER POWELL EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or 'live' services. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications. epa07235955 Xherdan Shaqiri (C) of Liverpool celebrates after scoring during the English Premier League soccer match between Liverpool FC and Manchester United FC at Anfield in Liverpool, Britain, 16 December 2018. EPA-EFE/PETER POWELL EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or 'live' services. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications.

Ливерпул на најдобар можен начин се враќа на првото место во англиската Премиер лига, со доминантна 3:1 победа над најголемиот ривал Манчестер јунајтед, носејќи ја првата победа на менаџерот Јирген Клоп над овој клуб.

Клоп ќе мора да му „крене споменик“ на супер-замената, Џердан Шаќири кој влезе во игра и постигна два гола (додуше со помош на одбраната на Јунајтед), за уште еднаш да ја покаже својата улога на „џокер“ на “црвените“.

Ливерпул почнаа офанзивно, додека во составот на Манчестер јунајтед недостасуваше Пол Погба зголемувајќи ги шпекулациите дека Французинот може да биде на трансфер листата веќе во јануари.

Иницијативата се исплатеше кога во 22. минута, Садио Мане доби одлична топка од Фабињо и уште поубаво ја искористи слабата реакција на Ешли Јанг за да го совлада Давид де Хеа за лудило на „Енфилд“. Јунајтед имаше само два удари на голот во првото полувреме, но еден од нив заврши во голот, откако голманот Алисон Бекер имаше нестабилна интервенција во 33. минута и му дозволи на критикуваниот Џеси Лингард да израмни на 1:1.

Иницијативата на Ливерпул продолжи и во второто полувреме, но тие не направија ништо сѐ до 70. минута, кога во игра влезе Џердан Шаќири. Швајцарскиот репрезентативец само три минути подоцна го совлада Де Хеа со помош на Ешли Јанг, кој ја пренасочи топката. Во 80. минута, тој стави печат на мечот со уште еден шут, кој овојпат го закачи Ерик Баји за конечни 3:1.

Ливерпул сега се повторно први со 45 поени, еден повеќе од актуелниот шампион Манчестер сити, додека „ѓаволите“се на шестото место со само 26 поени и со многу прашања за иднината на овој состав, но и на Жозе Мурињо.

Фото: ЕПА

извор: Makfax

Најнови вести

Коментари