Русинките со турбо-второ полувреме влегоа во финалето (видео)

epa07231638 Valentina Neli Ardean-Elisei (C) of Romania in action against Kseniia Makeeva (R) of Russia and Anna Sen (L) of Russia during the EHF Women EURO 2018 handball semifinal match between Russia and Romania at the AccorHotels Arena in Paris, France, 14 December 2018. EPA-EFE/YOAN VALAT epa07231638 Valentina Neli Ardean-Elisei (C) of Romania in action against Kseniia Makeeva (R) of Russia and Anna Sen (L) of Russia during the EHF Women EURO 2018 handball semifinal match between Russia and Romania at the AccorHotels Arena in Paris, France, 14 December 2018. EPA-EFE/YOAN VALAT

Русија е првиот финалист на Европското првенство во ракомет во Франција, откако со фантастично второ полувреме ја победија ослабената Романија со 28:22  и сега го чекаат противникот во финалето од вечерниот дуел меѓу Холандија и домаќинот Франција.

Романките беа без најдобриот стрелец во историјата на Европските шампионати, Кристина Неагу, која ја очекува подолга пауза откако се повреди во натпреварите по групи, и успеаја да бидат еднаков противник во првото полувреме, кое Русија го доби само со еден гол разлика (16:15).

Меѓутоа, на почетокот на второто полувреме, Русинките направија серија од 6:2, по која ја преземаа контролата на мечот и се пласираа во финалето, каде што ќе ја бркаат својата прва европска титула.

Ана Вјахирева повторно беше „моторот“ на „зборнаја“, со неверојатни 13 голови од 17 обиди, а Ана Сен додаде четири гола. За Романија, Ана-Марија Драгут беше најефикасна со само четири гола.

ЕП ФРАНЦИЈА 2018, ПОЛУФИНАЛЕ

Русија – Романија 28:22 (16:15)

Холандија – Франција 21.00 ч.

извор: Makfax

Најнови вести

Коментари