Роналдо: Салах е откритие на сезоната, може да влезе во битката за „Златната топка“

Големата ѕвезда на Реал Мадрид и Португалија, Кристијано Роналдо се искажа доста позитивно за Мохамед Салах. Според Португалецот, голгетерот на Ливерпул е едно од откритијата на сезоната и спокојно може да се вклучи во битката за „Златната топка" оваа сезона, иако Египќанецот на успеа да му помогне на својот тим во финалето на Лигата на Шампионите поради повредата која ја заработи.

„Мо Салах е едно од откритијата на годината. Се надевам дека неговата повреда од финалето во Киев нема да му попречи. Многу луѓе зборуваат за битката Кристијано Роналдо – Меси, но има и други играчи кои имаат можност да влезат во борбата за „Златната топка". Египќанецот е еден од нив", смета Кристијано.

CR7 го прокоментира и ждребот, според кој Португалија треба да го започне Светското првенство со тежок тест против Шпанија.

„Ждрепката не е идеална за нас, но треба да ја прифатиме. Пораз во првиот натпревар би можел да влијае на многу негативен начин на целиот турнир, па затоа е важно да почнеме добро. Но, јас верувам дека и Шпанија, и Португалија ќе стигне до следната фаза", заврши ѕвездата на Реал Мадрид.

Поврзани

Најнови вести

Коментари