Капитенот на Арсенал, Деклан Рајс, кој го постигна вториот гол денеска во победата над Барнли, вели дека неговиот тим можеше да постигне 4-5 гола уште во првото полувреме.
„Знаевме дека ќе биде тежок натпревар, па затоа мораше да се држиме до нашите цели. Нашиот квалитет се покажа – можевме да постигнеме четири или пет гола во првото полувреме. Навистина е важно да продолжиме да постигнуваме голови. Два гола беа доволни. Тетка ми почина пред натпреварот со Фулам. Ја сакав лудо. Патуваше насекаде за да ги гледа моите натпревари со мајка ми. Знам дека ме гледа од небото, па затоа денешниот гол е за неа“, рече играчот од средниот ред на Арсенал.

